Јужнокорејската компанија Самсунг претстави два нови смартфон уреди Галакси А3 и А5, со метално куќиште.
Галакси А3 и А5 се направени од врвен материјал и имаат елегантен дизајн. Галакси А3 има дебелина од 6,7 милиметри, а Галакси А5 6,9 милиметри.
Двата уреди се опремени со предна камера од 5 мегапиксели и неколку софтверски опции за уредување на селфи фотографии.
Галакси А3 и А5 располагаат со квад-кор процесор со 1,2 гигахерци и 16 гигабајти меморија и микроСД картичка. Галакси А5 има 2ГБ РАМ, камера на задниот дел од 13 мегапиксели, пет инчен ХД Супер АМОЛЕД екран и батерија од 2.300 мили Ампер часа.
Самсунг Галакси А3 има 4,5 инчен ХД Супер АМОЛЕД екран, задна камера од 8 мегапиксели, 1 ГБ РАМ и батерија од 1.900 мили Ампер часа.