Пандев не е во комбинација за дуелот со Борусија

Од:

Македонскиот интернационалнец Горан Пандев нема да биде во комбинација за настап на натпреварот на неговиот Галатасарај против Борусија во Дортмунд во рамките на 4.коло од Лигата на шампионите.

Тренерот на тимот од Истанбул Чезаре Прандели донел одлука да не го поведе Пандев во Германија, објавија турските медиуми кои потенцираат дека оваа е крајот на „турската авантура“ за Македонецот за кого се поизвесно е враќањето во некој италијански клуб во зимскиот преоден рок.

Прандели неодамна се осврна на обвинувањата од навивачите и од неколку легенди на Галатасарај за лоши потези на трансфер пазарот и при тоа нагласи дека Пандев во Истанбул не дошол на негово барање, туку тој бил желба на Управата на клубот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска