Изгоре црквата „Вознесение Христово“ во Владимирово

Од:

Во беровското село Владимирово денеска изгоре до темел црквата „Вознесение Христово“ („Св.Спас“), еден од најстарите и најубавите православни храмови во Малешевијата.

Причините за пожарот не се познати, и нив надлежните органи ќе ги утврдуваат во наредните денови, но се претпоставува дека пламенот започнал и се проширил од свеќникот поставен во непосредна близина на олтарот.

– Интервенцијата на противпожарната служба од Берово не можеше да ја спречи огнената стихија, која за петнаесетина минути до темел ја изгоре црквата во Владимирово, но  со трите цистерни и помошта од локалното население придонесе да го спречи проширувањето на пожарот до помошните црковни објекти и соседните куќи, информираше пожарникарот Димитар Бокушовски.

Свештенослужителите од Струмичката епархија велат дека штетата е ненадоместлива, бидејќи изгореле вредни икони и сакрални предмети, но веруваат дека верниците од селото и од  Малешевијата ќе смогнат сили и средства изгорената црква во Владимирово да ја обноват.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски