Казни за 3 угостителски објекти за непочитување на Законот за заштита од пушење

Од:

Три угостителски објекти не ги почитувале законите за заштита од пушење и за угостителска дејност, утврдил Државниот пазарен инспекторат при контрола на 41 објект спроведена од 24 до 29 овој месец.

За констатираните недостатоци се преземени соодветни законски мерки и се издадени платни налози во вредност 2.000 евра за правно лице и 500 евра за одговорно лице во правно лице.

Инспекторите контролирале дали се пуши во угостителски објекти и на терасите на објектите. Опфатени се локациите: Кеј 13 ноември, Општина Центар, ТЦ Лептокарија, Општина Карпош, ул „Македонија“, Општина Центар, Општина Аеродром и Општина Кисела Вода.

Активностите на Државниот пазарен инспекторат за контрола на угостителските објекти ќе продолжат да се спроведуваат на територијата на градот Скопје и во наредниот временски период согласно Законот за заштита од пушењето и Законот за угостителска дејност со акцент на почитување на работното време и почитување на забраната за пушење, се вели во соопштението од  Државниот  пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Тутунските компании одлучни во целта да се подобри јавното здравје со инвестиции во помалку штетни никотински алтернативи

СЗО: Еден од пет возрасни во светот е зависен од тутун

А1он

УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

А1он

УЈП привремено затвори пет фирми во државата

Франција од денес забрани пушење во паркови, околу училишта, на плажи…

УЈП: Мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини