Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

Од:

Во Турција околу 125.000 луѓе умираат од употреба на тутун секоја година односно еден човек починува на секои четири минути. Една петтина од смртните случаи се „пасивни пушачи“, луѓе кои често биле изложени на чад од тутун.

Турција е на прво место во светот по заболени од рак на белите дробови кај мажите и смртните случаи поврзани со болеста.

Според податоците на Светска здравствена организација (СЗО) од 26 јули, тутунот може да го оштети речиси секој орган во телото, предизвикувајќи рак, срцеви заболувања, мозочен удар и белодробни заболувања, како и намалена плодност, ослабен имунолошки систем и предвремена смрт.

Чадот од цигари содржи околу 4.000 хемикалии и токсини, од кои 50 се канцерогени. Повеќе од седум милиони луѓе умираат од пушење низ целиот свет секоја година.

СЗО наведува дека тутунската индустрија влијае и врз животната средина односно предизвикува загуба на приближно 600 милиони дрвја низ целиот свет секоја година, користи 200.000 хектари земја, троши 22 милијарди тони вода и испушта 84 милиони тони јаглерод диоксид.

Се проценува дека приближно 4,5 трилиони филтри за цигари загадуваат океани, реки, градови, паркови, почва и плажи секоја година.

Би можело да ве интересира

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

(ВИДЕО) Трагедија во Кападокија: Се урна „Самовилскиот оџак“ – има жртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации