Фудбалерите на Барселона остануваат единствената екипа во Примера со максимален ефект по 5 одиграни кола, овојпат славеа дома против Гренада со 2:0.
Чави во 87. минута погоди за водство од 1:0 за делириум на преполниот Ноук Камп, а во судиското надполнување Гомез постигна автогол.
Претходно денеска се одграа три натпревари на кои домаќините славеа, Бетис против Еспањол со 1:0, Селта го совлада Гетафе со 2:1 и Сарагоса – Осасуна 3:1. Утре се играат преостанатите натпревари.