Секуларната партија „Нидаа Тунес“ освои 85 места во Парламентот на Тунис, додека исламистичката формација „Ан Нахда“ освои 69 мандати, покажуваат конечните официјални резултати од изборите.
Антиисламската партија „Нидаа Тунес“и исламистите од „Ан Нахда“ имаат најмногу мандати, изјави претседателот на Централната изборна комисија, Шафик Сарсар.
На трето место е „Слободниот патриотски соујуз“ со 16 мандати, додека левиот „Народен фронт“ освои 15 места, а партијата „Афек Тунис“ има само осум пратеници. Останатите партии ги прераспределија другите 24 пратенички места.
Парламентарните избори, кои беа одражани во неделата во Тунис се клучен настан во поновата историјата на земјата. Со нив беше формиран првиот 217-член Парламент, првпат по револуцијата во 2011 година, со која беше соборен режимот на претседателот Зин ал Абидин бен Али.
На 23 ноември во Тунис ќе се одржат претседателски избори.