Четворица хрватски инвалиди од војната, кои веќе една недела протестираат во Загреб, примени во болница

Од:

Четворица хрватски инвалиди од војната, кои веќе седми ден протестираат во кампот под шатори пред зградата на Министерството за ветерани, изминатата ноќ беа префрлени во болница, соопшти хрватскиот портал Индекс.

-Луѓето се уморни, истоштени и измрзнати и не е чудно што се појави потреба да бидат однесени со брза помош, рече Мирко Љубичиќ, еден од организаторите на протестот.

Тој изјави дека и покрај заморот ветераните ќе го продолжат протестот со барање за оставка на министерот за семејства, ветерани и солидарност меѓу генерациите, Предраг Матиќ, и за прифаќање на новиот закон за правата на ветераните, што треба да биде подготвен со учество на нивни претставници.

Протестот на ветераните почна во знак на незадоволство од плановите за ограничување на нивните права и прерасна во бунт, чија кулминација беше смртта на инвалидот од војната Невенка Топалушиќ, мајка на четири деца,за време на протестот.

Барањата на демонстрантите беа поддржани од илјадници ветерани во цела земја.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик