Во Тунис денеска се одржуваат парламентарни избори, а премиерот Мехди Џома предупреди на можни напади од џихадистите за време на гласањето.
Во изборната трка се исламистичката партија Енахда (Ренесанса), која после револуцијата две години беше на власт и секуларната Нида Тоунес (Повик на Тунис), како и повеќе левичарски и исламистички групи.
– Безбедносните мерки во Тунис пред гласањето се зајакнати. Знаеме дека гласањето ќе претставува цел за џихадистичките групи, бидејќи е единствено во регионот. Тоа пружа надеж – рече Џома.
Демократската транзиција во Тунис, од кога во 2011 година е симнат од власт долгогодишниот владател Зине Ел Абидине Бен Али претставува алтернатива за џихадистите и нивните групи, оцени Џома.
– Тие знаат дека овие избори за нив претставуваат закана, не само во Тунис, туку во целиот регион – смета тунискиот премиер.
Џома уште изрази увереност дека и покрај растечките тензии, изборите ќе минат мирно.