Една од десет странски работнички во Јужна Кореја е жртва на сексуално насилство

Од:

Минатата година една од десет странски работнички била жртва на сексуално насилство, а повеќе од една третина меѓу нив биле силувани. Податоците денеска во Сеул ги соопшти канцеларијата на пратеничката Ли Џасмин, која прва, како натурализиран странец со некорејско етничко потекло стана член на Парламентот на Јужна Кореја.

Според податоците, што ги пренесува „Кореа хералд’’, покрај големата бројка на силувани странски работнички, загрижувачка е и бројката на жените од таа категорија кои биле психички малтретирани ако „доброволно’’ не стапеле во врска со мажите, од кои најголем број биле нивни шефови на работните места. Во тажната статистика на пратеничката Ли се и 29 проценти од странските работнички кои се пожалиле дека биле присилувани да пијат алкохол и да дозволат непристојно допирање. Од севернокорејанците кои не се воздржувале од сексуално насилство кон странските работнички, имало и такви, во 13 посто случаеви, што злоупотребата, барем пред себе, ја опрадале плаќајќи за „услугата’’.

Пратеничката Ли побара властите да обезбедат советувалишта и засолништа за жените што се жртви на насилството, но се плаши дека ова наскоро ќе биде остварено.

Поради лошите услови на работа на странците ангажирани во една од најбогатите економии, пред два месеци во неколку фабрики во околината на Сеул избија протести, но тие беа спречени и забранети, со објаснување дека странците не ги почитувале актуелните работни прописи во Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња