Петти ден протести на хрватските ветерани

Од:

Ветерани-инвалиди од Војната во Хрватска од 1991 до 1993 година веќе петти ден протестираат пред зградата на Министерството за воени ветерани во Загреб, со барање оставка на ресорниот министер Предраг Матиќ и двајца негови блиски соработници.

Матиќ пристигнувајќи во својата канцеларија, децидно одби разговор со новинарите кои го чекаа за изјава. Тој само и оддаде почит на Невенка Топалушиќ, 60-годишна ветеранка од Војната со стопроцентна инвалидност, која почина во текот на ноќта меѓу вторникот и средата за време на протестот пред Министерството.

Многу жители на Загреб се насобраа за да им дадат поддршка на воените ветерани, а во пресрет излезе и Црвениот крст, кој им даде ќебиња, храна и пијалаци на демонстрантите.

Вчера беше одржан помен за почината Топалушиќ, на кој присуствува неколкустотици луѓе, кои палеа свеќи на местото на кое таа почина.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик