На голема церемонија што се одржа во главниот град на Тајланд, Бангкок, денеска беа прогласени единаесетте жени прогласени за најуспешни активисти за унапредување на човечките права, половата еднаквост и мирот на азискиот континент.
Акцијата ја спроведува УНДП, а со признанија се одликувани жени од шест држави.
Од над 100 номинации, наградите на УНДП ги добија жени од Индонезија, Филипините, Авганистан, Непал, Мјанмар и Пакистан.
Меѓу најистакнатите жени активисти од Азија се и Миријам Ферер од Филипините и Хаџи Калид од Авганистан, кои се одликувани за активности во „Кампањата за мобилизација на мажите и жените за да се оствари мир“.
Филипинката Ферер имала значајно влијание за мировната спогодба меѓу властите во Манила и МОРО Исламистичкиот фронт кој 30 години водеше вооружена борба за автономија на југот на Филипините. Хаџи Калил, поранешен борец во бунтовничките сили во Авганистан, сега е претседателка на провинцискиот мировен совет во покраината Бадгхис во Авганистан.