Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во јужната половина од земјава. Најмалку услови за врнежи ќе има во североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер
Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од седум до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд особено попладне. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Променливо облачно со врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер ќе се задржи и во сабота. Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од пет до 11 степени.
Од недела следува период на стабилно и суво време со ниска утринска температура која на повеќе места ќе биде под нулата, додека дневната ќе бележи тенденција на пораст.