Samsung го претстави Galaxy S5 Plus – Најавата помина тивко, односно не беше организиран некаков настан.
Главната разлика во Samsung Galaxy S5 Plus е неговиот чипсет. Тој доаѓа со моментално најдобриот Qualcomm Snapdragon 805 кој ги вклучува 2,5 Ghz четири јадрен Krait 450 процесор, како и Adreno 420 графичкиот процесор.
Оригиналниот Galaxy S5 модел доаѓа со исто така четири јадрениот 2,5 Ghz процесор, но тој е постариот Krait 400 модел, дел од Snapdragon 801 чипсетот кој го вклучува и Adreno 330 графичкиот процесор.
S5 Plus моделот исто така доаѓа со поддршка за LTE брзини на симнување до 300 Mbps, за разлика од 150 Mbps на оригиналниот модел. Брзината на качување останува иста, односно 50 Mbps.
Што се однесува до останатите карактеристики, S5 Plus моделот ги вклучува истите на оригиналниот модел. Она што можеби би го очекувале, екран со поголема резолуција, не е дел од овој модел.