Основачот на Северна Кореја, Ким ил Сунг, им наредил на своите лекари да пронајдат начин за да го дочека 100-от роденден, открива неговата приватната лекарка, Ким Со Јеон.
Таа вели дека до 1992 година раководела со истражувањата во „Центарот за долговечност“, кој бил основан поради желбите на „големиот лидер“, кога побегнала во Јужна Кореја.
-Интензивно се занимававме со истражувачката работа, но му дававме само терапија која тој ќе ја одбереше од списокот – раскажува Јеон.
Според нејзините зборови севернокорејскиот лидер добивал крв од лица на возраст од дваесетина години, кои претходно биле ставани на специјален режим на исхрана богата со хранливи состојки.
Меѓудругото експертите од „Центарот за долговечност“ му советувале на лидерот што повеќе да се смее, а најомилена терапија му било да ги набљудува малите деца кои прават смешни работи.
Јеон за „CNN“ вели дека Ким Ил Сунг и Ким Џонг Ил страдале од дијабетес, проблеми со срцето и стрес и дека според нејзини проценки и сегашниов севернокорејски лидер ги има истите проблеми. Врз основа на анализа на фотографии, таа заклучува дека отоците на лицето се резултат на терапија од аналгетици и хормонски инјекции, за кои претпоставува дека ги добива за да личи што повеќе на својот дедо.
-Ким Ил Сунг се уште важи за основач на државата. Со цел да му пренесат порака на народот дека Северна Кореја е се уште негова држава, мислам дека вложуваат напори Ким Џонг Ун да личи на него- изјави таа.
Е. Г.