Натпревар во собирање комунален отпад за училиштата на Кавадаречко

Од:

Регионалното еколошко друштво „Еко живот” од Кавадарци денеска ги објави резултатите од натпреварот кој го организираше во рамки на кој училиштата од неколку општини во регионот се натпреваруваа во собирање на количини на комунален отпад.

– Позитивно сме изненадени од тоа колку училиштата сериозно си ја сфаќаат работата и колку многу внимание посветуваат на екологијата. Сите ученици се покажаа добри во собирањето на комунален отпад од својата околина за почиста и здрава животна средина. Се собраа големи количини отпад, на некои училишта им беа потребни тракторски приколки за да го пренесат, информираше претседателот на друштвото Роберто Паризов.

Тој соопшти дека главната награда во регионот за истакнати еколошки активности ја добива основното општинско училиште „Страшо Пинџур” од Кавадарци. Во Кавадарци најмногу отпад собрале учениците од основното општинско училиште „Тоде Хаџи Тефов” а во Неготино, основците од основното општинско училиште „Гоце Делчев”.

– Решивме и сите други училишта да добијат соодветни награди за покажаната еко свест, а тука морам да го нагласам и основното општинско училиште “Тошо Велков Пепето” од Кавадарци кое исто така собра импресивна количина на пластика, додаде Париозв. Тој најави дека натпреварот ќе стане традиција секој есен.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична

Кавадарчанка ја тепала својата мајка

Горан Наумовски