Тренерот на Рома Руди Гарсија ја прифати вината за тешкиот пораз од Баерн синоќа во рамките на 3.коло од Лигата на шампионите.
Францускиот стручњак рече дека тотално ја промашил тактиката и дека само тој е виновен за лошото издание на римјаните.
– Ова беше тактички колапс. Не бевме доволно агресивни и му дозволивме на противникот премногу простор. Јас сум виновен, грешката е моја. Поставив погрешна стратегија, изјави Гарсија.
Тренерот на Рома апелира поразот да се извлечат поуки од поразот и да се продолжи понатаму.
– Во нашата ситуација добра вест е ремито на Манчестер Сити кој не успеа да слави во Москва. Ние можеме многу подобро и тоа ќе го направиме во следните натпревари, додаде Гарсија.
Рома синоќа во Рим загуби од Баерн Минхен со 7:1, но и покрај поразот се наоѓа на 2. место во групата и е со шанси за пласман во следната фаза.