Турските власти досега не регистрирале ирачки курди да преминат турска територија кон Кобане

Од:

Турските власти објавија дека ниту еден ирачки курдски борец не преминал преку границата за да влезе во Сирија преку нејзина територија. Анкара вчера соопшти дека одобрува  транзитно преминување на ирачки курдски борци за да заминат кон сирискиот град Кобане.

Турција со недели е под критики заради тоа што не се вмеша со воени средства против џихадистите од Исламска држава кои го опоколија Кобане.

Тие дозволија вчера ирачки курдски борци да преминат преку нивна територија за да стигнат до сирискиот курдски град Кобане.

Според турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу тоа решение треба да биде одобрено од сириската курдска партија на демократски сојуз чии формации за народна заштита се задолжени за одбрана на Кобане.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени