Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а попладне со зголемена облачност која во северните и во западните делови во вечерните часови ќе биде проследена со врнежи од дожд кои на планините, а понекаде и на повисоките места во западните делови од снег. Преку денот ќе дува повремено засилен јужен ветер, а во вечерните часови во северозападните делови од земјата ќе почне да дува засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува и умерен до засилен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во вечерните часови ќе има и врнежи од дожд и ќе почне да дува умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
До сабота ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи од дожд, на планините особено во западните делови од земјата врнежите ќе бидат повремено од снег.