Во Загреб изложба „Југотон-источно од рајот/1947-1991“

Од:

Во Техничкиот музеј во Загреб отворена е изложба „Југотон-источно од рајот/1947-1991“, мултимедиски проект за визуелна и поп култура и технологија, продукција и производство на најголемата дискографска куќа во поранешна Југославија.

Низ призма на дизајн, архитектура и визуелна уметност и приказ за технолошкиот процес од снимање до производство, се покажува „оделото“ и „лицето“ на популарната музика, истакнуваат организаторите на изложбата.

Прикажан е голем број омоти за грамофонски плочи, плакати, фотографии, оригинални скици и изработки на домашни и странски автори, знаци и логоа, архитектонски планови, нацрти на простории на Југотон и други материјали како – одлуки на Работнички совет, книга на впечатоци, документирани фотографии и останато. Изложбата ќе трае до крајот на ноември.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик