Во Штип 13 заболени од салмонела

Од:

На инфективното одделение во штипската Клиничка болница за два дена хоспитализирани се 13 пациенти со симптоми на салмонела.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска ја потврди информацијата и информира дека од примените пациенти три се деца на возраст од шест до 11 години.
Надлежните институции засега не соопштуваат каде е изворот на салмонелата, но според првичните неофицијални информации поголемиот дел од пациентите јаделе еклери.

Симптомите предизвикани од салмонела се болки во стомакот, мачнина, повраќање и дијареа, а може заболениот да има зголемена температура, да чуствува малаксаност, жед и вртоглавици.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски