Времето во Македонија утре ќе биде сончево со умерена облачност.
Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови кој ќе услови расчистување на маглата и намалување на облачноста.
Дневната температура ќе се движи од 17 до 23 степени Целзиусови.
Во Скопје слично време со температура до 20 степени.