Анан: Еболата занемарена, бидејќи се појави во Африка

Од:

Богатите земји во светот не реагираа доволно брзо на појавата на епидемијата на ебола, бидејќи болеста се појави во Африка, изјави поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан во емисија за британската телевизија Би-Би-Си.

– Мошне сум разочаран од реакцијата на епидемијата…разочаран сум од меѓународната заедница поради тоа што не реагираше побрзо, истакна Анан во емисиајта „Њузнајт“.

– Доколку кризата избиеше во некој друг регион во светот, веројатно на неа ќе се реагираше поинаку. Всушност кога ќе го разгледате развојот на кризата, меѓународната заедница се разбуди дури кога болеста се појави во Америка и Европа, нагласи тој.

Анан, дипломат од Гана, истакна дека би требало да биде јасно дека само прашање на време е кога вирусот ќе се прошири од својот епицентар во западна Африка.

– Одговорни за тоа ги сметам владите, кои имаат моќ. Африканските земји можеа да сторат малку повеќе, односно би можеле многу побрзо да побараат помош, додека меѓународната заедница би можела многу подобро да се организира за да пружи помош, рече Анан. 

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство