Конференција „Биодиверзитет на млеко“

Од:

Слоу фуд Македонија и Факултетот за земјоделски науки и храна денеска ја организираат конференцијата „Биодиверзитет на млеко“.

На агендата се три сесии со повеќе теми, традицијата и сточарството, автохтони  млечни  производи, локални видови и раси на домашни млекодајни животни, актуелни политики за зачувување на  екстензивното  сточарство  во руралните средини, состојба и перспективи, заштита на географското потекло, пристап до пазарите и хигиенската регулатива за традиционалните производства на сирење,…

– Ова е прв поголем настан на кој производителите, експертите, граѓанските организации и претставниците на институциите ќе дебатираат за актуелните прашања околу биодиверзитетот во сточарството,  производството на млеко и преработката, малите семејни фарми и политиките кои го засегаат секторот. Целта е, не само да се поттикне дискусија, туку и да се понудат конкретни  предлози  за  решавање  на проблемите  со  кои  се  се  соочуваат  сите  засегнати  во  синџирот  „од храна до трпеза“, велат од Слоу фуд.

Според програмата, предвидено е одржување на „работилница за вкус“ со дегустација и спарување на македонски сирења со вино, Салон  на млечните вкусови и работилница за најмалите кои ќе научат како се прави сирење од млеко.

Организаторите најавуваат и проекција на документарниот филм „Бито, вечното сирење“, како и промоција на каталогот на македонски автохтони сирења и млечни производи  што го изготви Слоу Фуд.

Конференцијата се одржува по повод Светскиот ден на храната, 16 Октомври, во рамки на кампањата „Да го зачуваме биодиверзитетот на млеко“ и проектот ЕССЕДРА, финансиран од ЕУ.

Затворањето ќе биде со закуска подготвена од готвачите на Слоу Фуд.

Би можело да ве интересира

Итно се повлекува млекото „МИЗО 2,8%“: АХВ нареди да не се пие и да се врати од каде што е купено

A1on

(ВИДЕО) Внимавајте: Напивка за слабеење, суплементи за црниот дроб, млеко, чоколади – повлечени како небезбедни

Анита Петровска Рајковиќ

Се повлекува од продажба млекото за доенчиња Novalac 1

Наум Локоски

Агенцијата за храна и ветеринарство со засилени мерки за контрола на афлатоксинот

Ана Ололовска

Увезуваме само Aptamil и Hipp Organic, нема нотификација за поголеми количини алуминум

Ана Ололовска

Производителите на млеко се обединуваат во кооперативата „Милкоп“

Емир Латифовиќ