Увезуваме само Aptamil и Hipp Organic, нема нотификација за поголеми количини алуминум

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ дека во млекото за бебиња Aptamil, Hipp Organic и Cow and Gate се најдени траги од алуминиум чии вредности, како што информираа некои медиуми, се повеќекратно поголеми од дозволените.

На македонскиот пазар, како што соопшти АХВ, одобрени за увоз и ставање во промет се  производи од брендот Aptamil и Hipp Organic, додека за увоз на производи од брендот Cow and Gate досега не е доставено ниту едно барање.

– Алуминиумот воопшто не е предмет на контрола со правилниците за млечна и доенечка храна. Во Правилникот за општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти, комплетно усогласен со европската легислатива, не е предвидено испитување алуминиум во која било храна. Алуминиумот  како параметар се испитува само во водата за пиење каде според Правилникот, дозволена е вредност од 200 микрограми на литар, наведува АХВ.

Во Македонија, производството, увозот и ставањето во промет на храна за доенчиња и мали деца подлежи на посебен режим на одобрување. Во однос на составот и означувањето мора да бидат согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на храна за доенчиња  на житна основа и Правилникот за посебните барања за безбедност на млечната храна за доенчиња.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна годинава испитале 14 мостри од храна за доенчиња и мали деца, од 7 вида млеко на 7 производители. Добиените резултати од лабараториските испитувања потврдиле дека храната е безбедна.

Агенцијата ги следи сите  информации кои се однесуваат на безбедноста на  храната за доенчиња и за мали деца на млечна и на житна основа.  Ќе продолжи да врши континуирани контроли на пазарот, а доколку се јави потреба, ќе интервенира.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

АХВ: Трипуновски повторно лажно шири паника, млекото со афлатоксин се враќа во Србија