Утре облачно време

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде облачно. Во крајниот северозападен и крајниот југоисточен дел од земјава ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе има и засилување на ветерот кој ќе биде од југозападен правец, а особено изразен ветер ќе има на повисоките места и на планините.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 21 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

До сабота претпладне се уште ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Во сабота ќе дува засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата, а и намалување на облачноста во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски