Од утре променливо време со повремен дожд и ветер

Од:

Намалување на дневните температури за седум до осум степени, зголемено наоблачување, повремени сончеви периоди, услови за локален краткотраен дожд и засилен северен ветер ја очекува територијата на земјава од петок.

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Во претпладневните часови ќе им зголемена облачност и со услови за слаб локален дожд во крајниот северозападен дел од земјава, а по котлините и по речните долини се уште ќе има појава на магла и ниска облачност која во попладневните часови се очекува да се намали и да се расее.

Утринската температура ќе се движи од девет до 13, а дневната од 24 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко, но и со појава на магла. Во попладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Во наредните денови ќе има зголемено наоблачување, повремено ќе има и сончеви периоди, но ќе има и услови за локален краткотраен дожд кој повеќе ќе биде застапен во западните подрачја на земјава, особено в сабота. В четврток ќе има засилување на ветерот од јужен правец, а од петок ќе дува засилен северен ветер кој ќе овозможи пад на дневната температура за седум до осум степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски