Со претставувањето на новите АјФон 6 и АјФон 6 плус, компанијата Епл повторно се најде на врвот како највреден бренд во светот.
Епл во изминатите 12 месеци оствари раст на вредноста од 21 прецент и сега се проценува на нешто помалку од 119 милијарди долари, што е двојно повеќе од вредноста на Мајкрософт, што се наоѓа на шесто место со вредност од нешто над 61 милијарда долари.
Листата на највредни 100 компании во светот ја состави Интербренд, при што во Топ 20 се наоѓаат неколку познати компании од технолошкиот сектор. Гугл оствари раст на вредноста од 15 проценти и сега вреди 107 милијарди долари, што е доволно за вторатат позиција.