Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги повика сите страни во конфликтот во Либија да ги прекинат судирите, откако вчера допатува во ненајавена посета на либиската престолнина Триполи.
Тој истакна дека сите групи би требало да престанат да се судираат, истакнувајќи дека ако тоа веднаш не се случи, просперитетот и подобриот живот ќе останат само далечен сон за народот на Либија.