На денешното одбележување на почетокот на антифашистичката и народноослободителната борба, 11 октомври, во Мобилна галерија во Скопје, генералот Тодор Атанасовски рече дека е горд на македонскиот народ што не дозволил Македонија да формира фашистичка држава што била намерата на Ванчо Михајлов.
– Една година од Загреб во Скопје доаѓа Ванчо Иван Михајлов, го пратија Германците, СС службите. негова цел беше да ја прешалтува Македонија од антифашистичка во фашистичка. Причината беше што во Егејот цела една армиска групација од германска војска да се извлече таа половина милион војска на Третиот рајх. А кога ќе си помине таа војска – Македонија може да си оди фира, за еднократна употреба. Ванчо Михајлов тогаш дојде во Македонија да ја прешалтува на фашистичка линија за да можат Германците да се извлечат од тука, зашто најдиректен правец беше низ Македонија. Но, овој народ кој со векове се борел за своја национална слобода, свој идентитет не го прифати тоа. Не сакавме да добиеме ни национална слобода, ни сопствена држава на било која страна, тогаш кога други правеле така – кој да не го почитува тој народ, рече Атанасовски.