Ким Џонг-Ун отсутен поради повреди на ногата

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун не се појавува во јавноста бидејќи ја повредил ногата за време на воени вежби, јавија западни медиуми повикувајќи се на извор близок до раководството на Северна Кореја.

Ким денеска не беше присутен на церемонија по повод 69-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија што дополнително подгреа спекулации за негова лоша здравствена состојба или политички промени во врвот на државата.

Во јавност Ким не е виден од 3 септември.

Изворот кој има пристап до севернокорејскиот државен врв тврди дека Ким гo повредил коленото и зголобот на ногата додека вршел инспекција за време на маневри во крајот на август.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња