Во САД пронајден е црно-белиот нем холивудски филм „Вечниот град“ од 1923 година, првпат прикажан во Италија во рамките на фестивалот на немиот филм во Порденон.
Во филмот на режисерот, Џорџ Фицмаурис самиот себе накусо се глумеше Бенито Мусолини. „Вечниот град“ се сметаше за изгубен се додека копија во архивите на Музејот на модерната уметност во Њујорк не ја пронајде студентката, Џулијано Мускио.
Во 1923 година филмот кој го величи Мусолини и фашизмот не беше така неподобен за Холивуд како што тоа нам денес ни изгледа. Фашистичките паради изгледаа како создадени за големите екрани и во тоа време Мусолини беше народен херој. Во него го гледаа непријателот на комунизмот, објасни Мускио.
Лајонел Баримор, предок на популарната актерка Дру Баримур во остварувањето глумеше злобен комунист кој сака да воведе комунистича диктатура, но се појавува Мусолини и ја спасува земјата од црвените орди.
Во тоа време Италија беше популарна дестинација за снимање филмови, а за безбедноста на сетот се грижеле црнокошулашите.