(ВИДЕО) СДСМ: До кога владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги понижуваат младите?

Од:

„Младите социјалдемократи од Битола целосно се спротиставуваат на политиката за воведување државен испит во високото образование, што ќе се спроведува по теркот на екстерното тестирање.

До кога владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги понижуваат младите?

Сите сме сведоци дека екстерното тестирање беше критикувано од учениците, професорите и родителите и во основното и во средното образование“, изјави на денешната прес-конференција Борче Корлевски, портпарол на О.О СДСМ Битола.

„Неуспешен проект што не го измери знаењето на учениците, туку неоправдано им го намали или зголеми успехот, а на околу 2 000 професори им донесе плати помали за 15 проценти во следните 12 месеци.

-Која е логиката сега екстерно тестирање да се воведе и на факултетите?

Високото образование не е задолжително, а успешноста на студентите и професорите се испитува во континуитет.

Сведоци сме дека младите од Битола си одат. Нема перспектива, нема иднина, туку само борба за гол опстанок.

За неоправданоста на овој проект свесни се и Груевски, Ристоски, Адеми, студентскиот лидер Спироски, како и студентските парламенти на битолскиот универзитет.

Велиме НЕ ЗА ЕКСТЕРНО НА ФАКУЛТЕТИТЕ.

Прашањата со заокружување, не може да ни ја решаваат судбината. Поразителните политики на власта, веќе ја заокружија иднината во друга држава, на армија млади луѓе од Битола и целата земја и бараме ова да престане“, рече Борче Корлевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?