Штетите од невремето во Кривопаланечко во август 570.520 денари

Од:

Штетите на уништените култури од невремето со град на 21 август годинава во Криволанечко изнесуваат 570.520 денари, покажува елаборатот за утврдена проценка на штетите на недвижен имот, што го усвои Советот на Општина Крива Паланка.

Комисијата за утврдување и проценување на штетите настанати од врнежите од град кои ги зафатија катастарските општини Габар, Осиче, Подржикоњ и Добровница по увидот на терен констатирала дека се направени штети на градинарски, житни и овошни култури, како и на лимените капаци на сандаците за пчели.

Најголема штета е утврдена во месната заедница Добровница каде износот на уништени средства и култури е проценет на 367.820 денари, додека во месната заедница Габар уништените култури се проценети на 121.400 денари, во Осиче 41.700 денари и во Подржикоњ 39.600 денари.

Проценката на штетите е направена на оштетени и уништени средства на овоштарници и градинарски култури на физички лица кои поднеле барања за утврдување штети од елементарни непогоди. Вкупниот приход на сите пријавени култури кои се оштетени изнесува 779.100 денари.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од тераса турнале познаник

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори