Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен дожд и ретки грмежи, особено во попладневните часови. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови.
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а температурата ќе се движи од 12 до 20 степени.
Во Скопје слично време со температура до 20 степени.
Од среда следува период на стабилно, суво и потопло време.