Во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, денеска во Скопје ќе се одржи шестата по ред Меѓународна конференција за човечки ресурси HR EXPO.
Конференцијата ќе ја отвори заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска. Собирот е поддржан и од European Association for People Management-ЕАПМ.
На форумот ќе учествуваат високи претставници и еминентни имиња, како што се сегашниот и претходниот претседател на ЕАПМ, Изи Бехар и Филипо Абрамо, Барбара Лукман Јагодич, претставник од Триглав групацијата од Словенија, Раинер Јенсен, поранешен директор за организациски развој и едукација во Компанијата Кока Кола во Германија и проф. Џовани Серафини од универзитетот Шефилд и Сити колеџот. Тие ќе го споделат своето искуство и знаење за најдобрите HR – практики.
На конференцијата ќе биде прогласен HR менаџерот на 2014 година по неколкумесечниот процес на селекција.
Во рамките на конференцијата традиционално ќе се одржи и HR Training ЕXPO, можност за промоција на програмите и услугите на сите заинтересирани компании и институции кои се дел од формалното и неформалното образование во РМ, пред присутните ХР менаџери и претставници на бизнис секторот.
Конференцијата ќе се одржи во просториите на М6 Едукативен Центар.