Парнарџиева Змејкова: 400 илјади осигуреници полесно до лекови за хронична терапија

Од:

Фондот за здравствено осигурување на Македонија со последните измени во сферата на лековите, од 2 октомври за 400.000 осигуреници овозможи олеснување на начинот на добивање лек на товар на Фондот, еден дел од нив ќе може да ги подигнат лековите со пониски цени, ќе има поголем избор лекови, како  и проширување на  индикационите подрачја за лековите кои може да се пропишат на товар на ФЗОМ. Се очекува со овие новини заштедите за осигурениците да бидат 200.000 денари годишно, а Фондот за лекови годишно ќе може да пренамени два милиони денари.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорката на Фондот, Маја Парнарџиева Змејкова, која рече дека измените кои веќе се објавени во Службен весник, ја поминале и јавната расправа преку комуникација со здруженијата на пациенти и на доктори и Управниот одбор на Фондот.

Првата измена, посочи таа, се однесува за 13 нови генерики кои се без доплата, а кои се исклучително битни за пациенти со трансплантирани органи, антидепресиви, антиепилептици и антипаркинсоници.

– Заради збогатување на пазарот со нови лекови тие автоматски ги вклучивме во позитивната листа и се овозможи намалени цени на лековите на позитивната листа, повторно тие се без доплата што значи двојна заштеда и за буџетот на осигурениците и за буџетот на Фондот во вредност од два милиони денари годишно, потенцира Парнарџиева Змејкова.

Појасни дека втората измена се однесува на 20 нови заштитени имиња кои ги вклучиле во позитивната листа за веќе постојни генерики или за постојни болести, што значи поголем избор лекови за желудник, намалување масти во крв, антибиотици за Алхајмерова болест, астма, ХОББ, карцином, болки и зголемена телесна температура.

Третата група измени на позитивната листа, нагласи директорката на Фондот, се однесува на режимот на пропишување и 29 генерики отсега па натаму покрај постојните специјалисти ќе може да се пропишуваат и од болнички педијатри, од интернисти, од хематолози и од пулмоалерголози.

– Два многу битни антибиотици: оспен и цефалексин од сега па натаму без никакви ограничувања во делот на медицинските индикации може да се пропишуваат од страна на матичните лекакри што не беше случај досега, а шест генерики ќе може да се пропишуваат за нови дополнителни болести кои досега не биле на товар на Фондот, како на пример за цистична фиброза, и алажил синдром ќе може да се препишува ursofalk или збогатување на палетата на лекови за избор за генитоуринарни,  одонтогени (стоматолошки) инфекции, како и лекови за крварење во рана бременост, рече Парнарџиева Змејкова.

Според неа, оваа голема измена која ја направиле е олеснување како од финансиски аспект, така и од аспект на скратување на процедурата за побрзо подигнување на лекот.

– Овозможивме поголем избор на лекови на осигурениците, повеќе лекови без доплата, креиравме конкуренција на пазарот за цените на лековите да продолжат да се намалуваат, поефикасно ги користиме средствата на Фондот, односно средствата на осигурениците. Најбитно е што е олеснета постапката за добивање на лековите на товар на Фондот и воведовме нови болести кои може да се лекуваат со постојните лекови кои се веќе на позитивната листа, додаде Парнарџиева Змејкова.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство