Многу научни достигнувања ја менуваа историјата и на некој начин влијаеа на светот. Научниците до нови сознанија доаѓаа со различни методи, но секогаш мораа да постојат цврсти факти кои би ги поткрепиле нивните теории. И додека едни го користеа човештвото, други во служба на науката измамија милиони луѓе кои веруваа на нивните неточни теории. Еве некои примери.
1. Војна на светови
Радио-драмата на Орсон Велс „Војна на световите“ емитувана на „Ноќта на вештерките“ на 30 октомври 1938 година, предизвика можеби најголема паника меѓу луѓето. Влезе во историјата на медиумите и е позната по тоа што е направена како директен пренос на инвазија на Марсовци на Земјата. Емисијата е толку веродостојно направена што многу Американци почнаа да паничат дека нападот навистина се одвива. Многу тврдеа дека гледале треперење на светла во далечина и оти чуствуваат отровен гас.
2. Мачка во тегла
Студент од Институтот за технологија на Масачусетс креираше Интернет страницата на кој постави упати за чување на мали мачки во тегла, за таа да ја добие нејзина форма токму како билките бонсаи. Беше тоа сатиричен предлог, но со тоа не се согласија заштитниците за правата на животните. По критиките студентот мораше да ја повлече страницата.
3. Тајната за русата коса
Германските научници отркија дека генот за руса коса ќе изумре за неколку години, така што во светот повеќе нема да постојат русокоси. Би-Би-Си емитуваше извештај на овие научници за оваа особина, но една година подоцна објавено е дека се работи за лажни резултати од истражувањето. Без оглед на тоа, истражуањето е цитирано десет години подоцна во различни написи.
4. Сирена
Луѓето со векови се обидуваа да пронајдат докази за постоењето на сирените. Во Њујорк во музејот Барнум беше изложена мумицифирана сирена во која поверуваа поголем број заинтересирани посетители, но на крајот сепак е докажано нешто сосема друго. Сирената имено била составена од глава и тело на мајмун и опаш на риба.
5. Камења
Професорот Берингер во 1725 година откри низа добро сочувани камења со втиснати фосили на животни како гуштер или пајак. На некои од нив имаше натписи како Бог на хебрејски или латински. Поради тоа професорот веруваше дека се фосили од божанско потекло. Откако објави неколку написи па дури и книга на таа тема, докажано е дека тоа му го подметнале колегите од факултет за да му го уништат угледот.