Либиските власти побараа меѓународна помош во борбата против исламистичките милиции кои презедоа контрола врз згради на владата. Тие побараа санкции од ОН за исламистите и запирање на ширењето на тероризмот на север во Африка.
Претседателот на либискиот парламент Агеила Салех Еиса отворено на седница на ГС на ОН ја повика меѓународната заедница да и помогне на Либија во која поради судири на спротиставени милиции за само една недела домови напуштија околу 250.000 луѓе.
– Меѓународната заедница може да ги поддржи легитимно избраните власти и да воведе санкции или јасно да укаже дека Либија мора да се соочи сама со тероризмот, нагласи Еиса.
Либија се соочува со наголеми насилства од 2011 година кога од власт беше симнат Моамер Гадафи.