ФОТО: Батка, институција си е институција – Работнички

Од:

Се загрева атмосферата во Градскиот парк. Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, К.К. Работнички по минатогодишното успешно враќање на кошаркарската сцена, оваа сезона најавува дека ќе го потврди квалитетот. Играчите ветуваат дека ќе се борат за титула, а навивачите дека со срце ќе ги бодрат.

Во салата во Градски парк, интезивно се работи на подготовките за почеток на новата кошаркарска сезона. Најтрофејниот клуб се засили со „кулите близначки“ Гечевски и Чековски, а во тимот од градскиот парк останаа Дарко Соколов, Јане Петровски и Димитар Мираковски од минатата сезона.

k15-rabotnicki (3)

Работнички се засили и со „докторот“ Марин Докузовски, а дојдени и се и неколку странци. Во изминатите денови Работнички на пријателски натпревари го победи Фени индустри во Кавадарци со над 10 разлика и Пеја од Печ Косово со над 30 разлика.

Наредната недела ќе има уште два пријателски натпревари во салата во Градски парк со домашни прволигаши. Како што се „загрева првиот тим се загреваат и навивачите на Работнички. Во изминатиот период со креативни графити ја одбележуваа територијата на општина Центар.

k15-rabotnicki (1)

Од познатиот скеч на К15 е направен графит на славните Миле, Тошо и Цацко во дресови на КК Работнички.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Бразилецот Рафаел Гоес, нов играч на Работнички

А1он

ССМ ќе ги застапува пред суд работниците од штипска „Баргала“, потпишуваат полномошно

Жарко Настоски