Пронајден оригинал од позната соната на Моцарт во Будимпешта

Од:

Во Националната библиотека Сечењи во Будимпешта, е пронајден оригиналниот ракопис на едно од најпознатите дела на Волфганг Амадеус Моцарт, Соната број 11 во А-дур, па експертите сега ќе можат да го комплетираат оригиналот со единствената сочувана страница од тоа дело.

Тие ја потврдија автентичноста на партитурата, која ќе биде пренесена во музејот на Моцарт во Салзбург, каде што се наоѓа и оригиналната страница од петтиот и последен став. Инаку оригиналот го пронашол Балаш Микуси (42), кој работел како шеф во установата.

Сонатата која што е компонирана во 1783 година, а е објавена во милиони примероци е едно од најпознатите дела на Моцарт и тоа токму поради завршетокот, односно Турскиот марш.

Не е познато како ракописот завршил во библиотеката која во 1802 година ја основал богатиот унгарски аристократ Ференц Сичани, а не е познато и зошто петтата страница, која се наоѓа во Стразбур е оделена, но експертите се сомневаат дека била наменета за продажба на некој богат колекционер.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ