Млади лица од 12 држави учествуваат на 12. Меѓународната младинска конференција на тема „Европски вредности за иднината на земјите од ЈИЕ“, што од денеска до 29 септември ќе се одржи во Крушево.
Учесниците ќе ги искажат за своите ставови, ќе разменат искуства и ќе донесат заеднички заклучоци во промовирањето на европските вредности како иднина на земјите од Југоисточна Европа и креирање на европски перспективи преку разбирањето на вредностите кај младите луѓе.
Конференцијата ја организира Младински Сојуз – Крушево, под покровителство на германската Фондација Фридрих Еберт –Канцеларија во Скопје со поддршка Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.