Француските муслимани го осудија обезглавувањето на туристот во Алжир

Од:

Илјадници муслимани се собраа денеска во цела Франција, за да го осудат убиството на францускиот турист Ерве Гурдел од вооружени борци во Алжир, кои изјавија дека нивното дејствие било во одговор на француските воздушни напади врз позиции на „Исламска држава“.

Петмилионската муслиманска заедница во Франција е најголемата во Европа.

Претставници на француската десница изјавија дека заедницата не го осудила доволно остро убиството на Гурдел оваа седмица.

Нејзините лидери го отфрлија тоа обвинение.

Франција беше првата западна земја која се присоедини кон нападите врз цели во Ирак на чело со САД.

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски