Десет факти за Сталин, кои не сте ги знаеле

Од:

Советскиот диктатор Сталин е човекот поради кој за време на неговото владеење милиони луѓе ги изгубиле своите животи, па дури и неговите најблиски соработници. Ова се 10 интересни факти за неговиот таен живот.

Челичен човек

Неговото вистинско име било Јосиф Висарионович Дзхугасхвили, но тој од 1910 година започнал да го употребува името Сталин, што во превод значи „челичен човек“.

Некои историчари тврдат дека синот на столар, започнал да го користи тоа име со цел да се одалечи од своите грузиски корени.

Теологијата и Сталин

Иако подоцна бил голем поборник за атеизам и антирелигиски став на марксизмот, кога се приклучил на револуционерното движење студирал теологија. Неговата мајка сакала тој да биде свештеник, бидејќи таа професија можела да го извлече од бедата и сиромаштијата.

Со оглед на тоа што бил доста интелигентен, добил целосна стипендија на Теолошкиот факултет во Тбилиси, за да подоцна и влезе во Руската православна црква. Пред да се приклучи на револуционерното движење тој често ги читал делата на Карл Маркс.

Левата рака му била пократка од десната

Сталин во дванаесетата година имал несреќа со коњска запрега, поради што имал тешка операција на раката. Меѓутоа тој својот недостаток вешто го сокривал на своите службени портрети.

Уметноста – тивко страдање

Рускиот диктатор често страдал поради својот физички изглед. Како дете се борел со малите сипаници, поради што имал белези на лицето. Дури и убил неколку уметници, бидејќи според него лошо го прикажувале на сликите.

Секогаш последен се смеел

Често ги убивал своите противници и луѓето кои не му се допаѓале. Иако повеќето злосторства никогаш не се истражени, во времето кога тој владеел голем број жени и мажи исчезнувале под неразјаснети околности. Уште пострашно е тоа што Сталин ги убивал луѓето од задоволство.

Со цел да ги исчисти минските полиња, ги испраќал своите војници да маршираат преку нив, директно во смрт. Познато е дека не им дозволувал на своите чувари да влегуваат во неговите приватни простории. Еден ден тој решил да ги тестира, поради што вреснал како да умира. Кога чуварите го слушнале, влегле во неговата соба, но поради тоа биле осудени на смрт, бидејќи не ги почитувале неговите наредби.

Кога останал парализиран во својата соба, никој од луѓето задолжени за негова безбедност не се осмелувале да му помогнат. Подоцна на подот во собата го пронашол заменик командантот на Кунтсев, Петар Лозгачев. Но по една недела тој починал.

Човек на мирот

Иако Запад го познава како тиранин, Сталин два пати е номиниран за Нобелова награда( 1945 и 1948 година), бидејќи се залагал за крај на Втората светска војна.

За разлика од Черчил кој ја промовирал глобалната хармонија, Сталин е прогласен за лице на годината за магазинот „Тајм“ во 1939 и 1942 година.

Крал на комунизмот

Во приказна слична на „Доктор Франкештајн“, Сталин им наредил на руските научници да започнат да работата на развој на хибрид од човек и мајмун.

-Сакам непобедиво човечко суштество, кое не чувствува болка, отпорно и индиферентно на квалитетот на храната која ја конзумира-рекол тој.

Експериментите ги водел Илија Иванов, но бидејќи не бил успешен бил протеран во Казахстан.

Проклетите лаги и статистиката

Неговата студена логика е прикажана во реченицата:

„Смртта на еден човек е трагедија, смртта на милиони луѓе е статистика“.

Иако таа му се припишува нему, сепак за неа најмогу е заслужен германскиот писател Ерик Марија Ремарк.

Дивиот Исток

Сталин бил љубител на американски каубојски филмови. Често организирал средби на кои гледале филмови во неговото приватно кино, во тое тој секогаш бил преведувач.

Двојници

Сталин бил свесен дека има противници, поради што своите политички непријатели ги исфрлил од политичкиот живот.

Меѓутоа тој еднаш направил преседан и му дозволил на својот двојник, актерот со грузиски корени Михаел Геловани да го имитира. Во 1938 година Геловани оставил голем впечаток на Сталин, поради што тој го вработил како свој двојник.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ