Богата спортска, културно–уметничка и бизнис понуда, најавуваат организаторите на 14. традиционален Преспански јаболкобер што ќе се одржува од денеска до 27 септември.
Програмата ќе биде збогатена со ѕвезди од македонската поп и фолк естрада и културно–уметнички друштва.
Во рамки на Јаболкоберот ќе бидат доделени награди и признанија за најдобрите јаболкопроизводители од Преспа, како и луѓе и организации кои со својот ангажман придонеле за развојот и промоцијата на регионот.
На 27 септември, Крстовден, ќе бидат одржани главните активности – традиционалното осветување на родот и откинувањето на првото јаболко. Промовиран ќе биде и новоотворениот капитален објект – Компостара во Ресен, прв од ваков тип во државата, во кој, органскиот отпад од земјоделството, индустријата и домаќинствата ќе се преработува во висококвалитетно органско ѓубриво – компост.