Времето претпладне во Македонија ќе биде малку до умерено облачно со повеќе сонце на југоистокот од земјава. Попладне насекаде облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и преку ноќта ќе има појава на повремен дожд. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 20 до 27 степени.
Во Скопје времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, попладне со зголемена облачност и со повремен дожд кој ќе продолжи и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Од утре попладне до сабота до попладневните часови ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд. Во петок и во сабота ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.
Од недела ќе следува период на стабилно време со благ пораст на дневните температури.