Надлежните на терен се запознаа со последиците од болеста „син јазик“

Од:

Претставници на Министерството за земјоделство и на Агенцијата за ветеринарство денеска на терен се запознаа со последиците од болеста „син јазик“ кај добитокот посебно кај овците.

Од сточарите беа информирани дека болеста сериозно го има загрозено добиточниот фонд и оти доколку продолжи нејзиното ширење ќе се намали и производството на млеко и млечни производи и извозот на јагниња.

– Состојбата е дотолку сериозна што синиот јазик ги има зафатено подрачјето, не само на Мелешевијата, туку и на територијата на целата држава. Според досегашните пријави од над илјада одгледувачи на овци, има над 6.000 угинати грла овци, изјави заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски.

Тој очекува дека со падот на температурите ќе се намали ширењето на болеста бидејќи таа се пренесува преку мушички кои не се отпорни на пониски температури.

– Одгледувачите на овци најмногу не прашуваа за превентивните мерки. Ги советувавме штом ќе забележат симптоми, веднаш да ги алармираат ветеринарните станици и да ги изолираат заразните грла, а по можност да ги стават во карантин, бидејќи заразата ја пренесуваат мушичките со каснување од болно на здраво грло, истакна Костадиновски.

Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, штетите од болеста доколку продолжи со сегашното темпо ќе се мултиплицираат со намалено производство на млеко и млечни производи, намален прираст на сточниот фонд и намален извоз на јагниња.

-Преземаме се што е во наша моќ да го спречиме ширењето на оваа заразна болест со која е зафатена нашата држава, но и државите од соседството и поширокиот регион, изјави Рунтевски.

Д-р Зоран Дудуковски од Ветеринарната станица „Бе-вет“ од Берово вели дека секојдневно се на терен и им даваат упатства на сточарите, но и покрај преземените мерки во Малешевијата, од ова заболување се зафатени над 150 одгледувалишта.

На средбата сточарите беа информирани дека ресорното Министерство заедно со Агенцијата за ветеринарство наскоро ќе предложат конкретни мерки да се засили борбата против оваа болест и да се обештетат фармерите.

Во рамки на работната посета на Пехчево, заменик министерот Костадиновски и директорот Рунтевски остварија средба и со градоначалникот Игор Поповски на која стана збор за меѓусебната соработка на општината со надлежните државни органи и институции за намалување на последиците од болеста.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он