Главната команда на вооружените сили на САД соопшти дека вчера и денеска се извршени уште пет воздушни напади против исламистите во Сирија и Ирак.
Еден од нападите е извршен на сириска територија, северозападно од ирачкиот пограничен град Ал Каим. Останатите четири напади се извршени во Ирак и тоа по два југоисточно од престолнината на курдскиот автономен регион Ербил и западно од главниот град Багдад.
Нападите биле извршени од авиони-ловци и бомбардери, кои успеале безбедно да го напуштат реонот.