Фудбалерот на Јувентус Андреа Пирло во текот на јануарскиот преоден рок ќе го засили Лос Анџелес Галакси, пренесува денеска телевизијата „ЕСПН“.
Како што се наведува во информацијата, Галакси е подготвен на Италијанецот да му исплаќа годишно по 3,5 милиони евра, колку што е неговата заработка во Јувентус.
Пирло во американскиот клуб би требало да ја преземе лидерската улога од Лендон Донован кој најави завршување на кариерата.
Минатата сезона Пирло во Серија А одигра 42 натпревара и постигна шест погодоци, а во новото првенство почетните рунди ги пропушти поради повреда на колкот.
Можноста италијанскиот репрезентативец да го напушти Јувентус беше најавена летото по доаѓањето на тренерот Масимилјано Алегри кој го „избрка“ Пирло од Милан.