Средба на Ахмети со претставникот на Генералниот секретар на ОН за Балканот

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во седиштето на партијата во Тетово денеска се сретна со Питер Дју, претставникот на Генералниот Секретар на ОН за Балканот.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Дју разговарале за состојбите во регионот, политичката ситуација во земјата, интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

На средбата Ахмети се фокусирал на улогата на ОН и на посредникот Метју Нимиц за решавање на прашањето за името меѓу Македонија и Грција.

– Овој проблем го држи Скопје далеку од Брисел и ја гуши нашата Евроатлантска перспектива која поттикнува незадоволство и очај кај нашите граѓани, рекол Ахмети, соопшти ДУИ.

Тој ја истакнал потребата за поизразена и честа активност на ОН бидејќи, посочил, проблемот се решава со проактивен и интензивен пристап и затоа и го замолил Дју да му ги пренесе овие ставови и на Генералниот секретар на ОН.

Ахмети говорел и за потребата за зголемена подготвеност во Скопје и во Атина за дијалог што ќе овозможи членство на Македонија во НАТО, а потоа, процесот на интеграција во Европската Унија ќе продолжи според исполнувањето на критериумите.

Ахмети и Дју разговарале и за случајот „Монструм“, при што било повторено барањето за транспарентност и кредибилитет на процесот како и меѓународно следење на постапките и доказите.

Би можело да ве интересира

Јаневска бара да се поништи Бадентер и ги нарекува Албанците „мала Заедница“, реагира ДУИ

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

ДУИ: 25 години од Охридскиот договор – јубилеј што нè обврзува да ја браниме еднаквоста

Горан Наумовски

ВРЕДИ: ДУИ, партијата која искраде стотици милиони, глуми истражител

Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во ‘Мерцедес’, прасува ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците